САД СО ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА КОН ТУРЦИЈА: САД и дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето С-400

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД ѝдадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето на руски противpaкетен сиcтем.

САД ѝ дадоа рок на Турција рок од две недели да се откаже од купувањето на руски противpaкетeн систем С-400 во корист на американскиот систем „Патриот“, објави Си-ен-би-си, повикувајќи се на доверливи и добро информирани извори.

До крајот на првата недела на јуни Турција би требало да го откаже договорот со Русија во вредност на неколку милијарди долари и наместо тоа да купи систем за противракетна одбрана ‘Патриот’ или ќе се соочи со исклучување од програмата Ф-35 на компанијата ‘Локхин Мартин’ со што ќе ги изгуби ветените ловци Ф-35, ќе бидат воведени американски санкции, а можна е и реакција од НАТО, објави телевизијата.

Според истиот извор, тоа е последен предлог на Стејт департментот за Турција.

Турција претходно соопшти дека нема да се откаже од плановите за купување на С-400 и дека првата серија на системот ќе влезе во земјата во јули.

САД тврдат дека системот С-400 не одговара на стандардите на НАТО. Турција, пак, повеќе пати соопшти дека С-400 не претставува закана за американските авиони Ф-35.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This