Сакам да кажам дека и Горан Михајловски лапна милиони: Сопругата на сопственикот на порталот СДК доби 200 илјади евра од државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Листата на провладини портали и медиуми кои добија пари од државниот Фонд за иновации се зголемува. Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави уште еден случај на потенцијална корупција при доделувањето на грантови од Фондот, каде овој пат среќниот добитник е Искра Јовановска Михајловска сопруга на сопственикот на порталот ,,Сакам да кажам’’, новинарот Горан Михајловски.

-“Сакам да кажам” (СДК) дека сум многу среќен што и сопругата на Горан Михајловски Пиже има добиено 150-и-кусур илјади евра како би дошол животот.
Пиже инаку е заведен како полициски соработник под кодно име “Ресенски воз” (Чуф, чуф реденка…).
Втор ред, прва од десно.
Хепи фемили…, напиша Неделковски на својот Фејсбук.

Имено Михајловска со својата микро команија ,,Веда ДОО Скопје’’, доби 13,8 милиони евра или речиси 223 илјади евра од државата. Ова не е прв ваков случај некој од провладините медиуми или лица блиски до провладините медиуми да добијат огромна сума на пари од државата, да се потсетиме дека на нашиот портал пред само неколку дена објавивме дека помеѓу добитниците на милионски грантови од Фондот за иновации се најде и весникот ,,Слободен печат’’. Очигледно е дека медиумската пропаганда е клучна за Заев и СДСМ во наредниот период, кога власта се соочува со намалена поддршка во очи референдумот за промена на името. На крајот од денот сите овие медиумски чинители во иднина ќе бидат запомнети како медиуми кои за огромни суми на пари и бенефиции учествувале во националното предавство, промена на името, идентитетот, јазикот и историјата на македонската држава.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This