САКАТЕ ДА БИДЕТЕ АСТРОНАУТ НА НАСА? Овие услови мора да ги исполните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НАСА распишала конкурс и ги дефинирала параметрите кои идните астронаути мора да го задоволат.

Американската агенција за космички летови, NASA, распишала конкурс за нови астронаути бидејќи планира повторно да праќа летала со човечки екипаж на месечината.

Одењето во космосот е сон кој многу возрасни луѓе го делат со децата ширум светот и конкурсот кој е распишан важи за целиот свет.

Луѓето не стапнале на Месечината веќе половина век, но НАСА се надева дека тоа ќе се промени.

Пред се, се планира меѓу следните астронаути да има и жена, а летот е планиран за 2024-та година.

НАСА очекува дека на овој конкурс ќе најде пoгoдни кандидати за идни астронаути. Конкурсот е отворен од 2-ри до 30-ти март.

– Кои услови треба да ги исполнуваат кандидатите?

Досега за астронаути се бирани исклучиво Американци. Од 1960-та кога бил распишан првиот конкурс за астронаути, НАСА одбрала 350 кандидати да се обучуваат, а денес имаат само 48 астронаути кои ја сочинуваат космичката единица.

Останало правилото кандидатите да бидат Американци, но сега може да имаат и двојно државјанство.

Тоа правило важело и претходно и покојниот астронаут Пирс Селерс бил Англичанец, но земал и американско државјанство и три пати летал во земјината орбита.

Втор услов е да има научно образование. Новите регрути треба да имаат трети степен од природни или технички науки, а може да биде и математика.

Квалификувани лекари и луѓе кои имаат меѓународно признати дипломи за пилот, исто така може да конкурираат.

Образованието не е доволно, се бара да имаат и најмалку две години летачко искуство или 1000 часа летање на најсовремени авиони.

Сите кои ги исполнуваат овие услови мора да одат на специјални лeкaрcки пpeглeди, а потоа две години трае образованието за обука на летање во шатл.

Кандидатите кои минале се од наведеното мора да минат низ вoeнa обука и вежби за преживување во нajтeшки услови. За тоа време мораат да минат низ обука за преживување во вода, да покажат дека поседуваат наједноставно техничко знаење, да познаваат користење на робот и да научат руски јазик.

За оние кои не стигнале да ја минат комплетната обука останува можноста да се вработат кај “Virgin Galatic”, приватна компанија која планира со шатл да носи туристи во космосот и тоа веќе од следната година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This