САМОУБИСТВО ИЛИ НЕШТО ДРУГО? Што стои позади „соработката“ на Зоран Дамјановски и сега починатот Кирчо Тодоровски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трагичниот настан од минатиот понеделник ја вознемири кумановската јавност, во кумановската чаршија многу брзо се пренесе веста дека нашиот сограѓанин Кирчо Тодоровски е пронајден мртов со прострелна рана на главата,и тоа баш пред влезот на станот на градоначалникот на Куманово – пишува Марјан Петрушевски од кумановскиот портал „Плоштад“

cic_dokumenti

Смртта отвори многу прашања, се редеа шпекулации.
Наредниот ден,кога најблиските роднини и пријатели уште не го испратија за последен пат починатиот Кирчо Тодоровски видовме срамен атак врз неговиот лик преку сомнителни текстови во портал од Скопје.

Според порталот aktuelno.mk починатиот како вработен и бизнис партнер во градежната фирма АДА, сопственост на Дамјановски наводно направил финансиски проневери во фирмата,по што бил избркан од работа. Според истиот портал наводно Дамјановски против него повел и судска постапка а Тодоровски го молел да ја повлече тужбата.

Затоа во интерес на вистината, пред се поради желбата да се обели образот на починатиот Тодоровски ПЛОШТАД ќе објави серија текстови за бизнис и семејната врска Циц-Кире,односно
Дамјановски-Тодоровски, за АДА, ИК Банка, ФЗЦ,па преку Бониер до фаталниот понеделник на 26 септември 2016 година.

 

За почеток почитувани читатали ве молам да го видите овој документ,а градоначалникот на Куманово го повикувам јавно да каже,дали тој лично е ТУЖЕНИОТ Зоран Дамјановски кој на 05-03-2002 година на расправа за судско порамнување во својство на ТУЖЕН,ПРИЗНАВА долг кон ТУЖИТЕЛОТ Кирчо Тодоровски во износ од 255 000 евра.

Го повикувам градоначалникот на Куманово да излезе пред македонската јавност и да каже за веродостојноста на овој документ во кој Зоран Дамјановски ПРИЗНАВА долг од 255 000 евра кон Кирчо Тодоровски – пишува Петрушевски.

Најважно, да каже што се случувало оттогаш па се до 26-09-2016 година и што барал починатиот Тодоровски пред неговиот влез.
Овој документ упатува на тоа дека на трагичниот понеделник починатиот Кирчо Тодоровски го барал своето и она што му припаѓа.Неговите 255 000 евра.
Починатиот Кирчо Тодоровски беше прекрасен човек, добар другар, семеен човек и татко за пример.
Должите одговори господине Дамјановски.
Кај ќе ти оди душата?

Марјан Петрушевски
ПРОДОЛЖУВА….14517353_1788573174761977_3438180763165301662_n14519669_1788573281428633_3548642741659150871_n14484583_1788573308095297_3987190764274350997_n14502725_1788573398095288_1248055667035745590_n

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This