Саркози утре пред суд за обвиненија за корупција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Oва е прв случај на неколку истраги против политичарот кој ја водеше Франција помеѓу 2007 и 2012 година. Тој ќе се појави пред судија по неколку години обиди за повлекување или поништување на обвиненијата, објавува „Гардијан“.

Во случајот познат како „афера со прислушување“, обвинителството тврди дека Саркози и неговиот адвокат Тиери Херцог се обиделе да го подмитат судијата Гилберт Азибер за да му предадат тајни информации од посебната истрага против поранешниот француски лидер.

За возврат, Саркози е обвинет дека му понудил на Азибер да му обезбеди пријатно работно место на Азурниот брег.

Саркози е цел на низа правни истраги – од обвинувањата дека починатиот либиски лидер Моамер Гадафи нелегално му ја финансирал изборната кампања до примање наводен мито од продажба на оружје во Пакистан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This