April 25, 2024, 12:01 am

Сања Кужет направи хаос во Ѕвездите на Гранд (видео)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водителката влета на сцената и на сред емисија ги растури хартиите

Атмосферата за време на снимањето на музичкото шоу Ѕвездите на Гранд од ден на ден е се подобра.

Така, на вчерашното снимање, целото жири, предводено од водителката Сања Кужет, полуде на песната „Африка“ од Слаѓа Алегро, изведена од една натпреварувачка, повторно, по нејзиниот редовен настап.

Сања стоеше на сцената и веќе на првите тактови на песната почна да танцува, а во текот на песната, водителката почна да скока и да ги фрла хартиите.

Покрај сцената, во ритамот на песната играа и Вики Миљковиќ и Марија Шерифовиќ, која цело време извикуваше: „Ајде, Сања“, додека Саша Поповиќ се качи на масата и наздрави со кисела вода.

Колку беше добра атмосферата, говори и фактот што музичкиот директор Александар Милиќ Мили, во налетот на добра енергија, ги подаде рацете кон Саша Поповиќ, кој му скокна во прегратки, а потоа Мили го носеше кон сцената.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This