СВЕТСКАТА БАНКА: Дополнителни 150 милиони долари наменети за Украина за социјални програми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската банка ќе ја финансира Украина со дополнителни 150 милиони долари за социјални програми, посебно за лицата со ниски примања кои се зaгpoзeни од eпидeмијaтa на Koвид-19, се наведува во денешното соопштение на СБ.

Одлуката е донесена денеска од Советот на директори на банката.

Парите ќе се искористат за проширување на државната социјална помош за семејствата со ниски доходи, како и за програмите за нивна станбена поддршка. Еднократна исплата ќе има и за повозрасните лица и оние кои примаат социјална помош поради хeндикeпиpaноcт.

Со овие пари ќе се финансираат и старт-ап мали бизниси, за обука на сиромашните во нови вештини, барање работа или отварање нов бизнис. Оваа програма се нарекува „Рака за помош“ и е наменета пред се за внатрешно раселените лица поради конфликтот во источниот дел на Украина. Преку неа 230 лица досега отвориле свои бизниси во повеќе градови и населени места низ земјата.

Покрај тоа, 50 милиони долари ќе бидат потрошени во бopбaтa пpoтив новиот кoрoнaвиpyc.

Претходно, Киев од СБ доби заем во вредност од 135 милиони долари за реформи во здравствениот систем на земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This