СВЕТСКАТА ЈАВНОСТ ЗБУНЕТА: САД ги повлекуваат војниците од Германија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пентагон ги анализира трошоците и последиците од масовното повлекување или трансфер на американските војници од Германија во состојба на растечките тензии меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува “Вашингтон пост”, повикувајќи се четири извори.

Весникот вели дека Трамп изразил интерес за овој чекор порано на состанокот со неговите советници. Соговорниците на”Вашингтон пост” велат дека Трамп е вчудоневиден од големината на контингентот и се пожалил дека другите земји инвестираат малку во заедничката безбедносна и не трошат доволно за одбрана.

Извори посочија дека Пентагон во моментов размислува само за различни опции.

Оваа информација ги вознемири европски официјални лица кои велат, се обидуваат да разберат дали Трамп навистина има намера да ја спроведе оваа идеја или тоа е неговата тактика на преговори пред самитот на НАТО во Брисел.

Претставник на Советот за национална безбедност на Белата куќа изјави дека американската администрација не побарала од Пентагон специјална анализа на последиците од повлекувањето на војниците од Германија. Според него, ваквите потези се “норма”.

Од своја страна, претставникот на Министерството за одбрана на САД, Ерик Паон, го негираше целосното или делумно повлекувањето на американските војници од Германија, а исто така изјави дека Министерството редовно спроведува такви анализи.

На самитот на НАТО во 2014 година беше одлучено сите членови на Алијансата за одбрана да одвојуваат 2% од БДП. Американскиот претседател Доналд Трамп постојано ги повика партнерите од Алијансата да ги исполнат овие договори, заканувајќи се дека на друг начин ќе го намалат учеството на САД во заедничките безбедносни програми на земјите-членки на Алијансата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This