СВЕТСКА БАНКА: Загадувањето ја чини Македонија милиони, но и илјадници човечки животи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Загадувањето ја чини Македонија повеќе од 300 милиони евра годишно, односно 3,2 проценти од БДП, се наведува во извештајот на Светска банка, каде се препорачуваат итни акции на делување. Во најновиот извештај за следење на состојбите во Македонија, оваа финансиска институција, предупредува дека е потребен сериозен ангажман. Причините за ваквите состојби се повеќекратни.

-Главните виновници, одговорни за повеќе од 90 % од емисиите се патниот сообраќај, индустријата и енергетското производство, како и затоплување на домаќинствата. Загадувањето на воздухот е концентрирано, со тоа што над 45 % го погодува Скопје, и неколку локални производствени зони. Ограничените јавни ресурси и недостатокот на политики го спречија спроведувањето на одлучни акции за запирање на заканите по животната средина, се наведува во извештајот.

Светска банка е последна во низата меѓународни институции кои алармираат за рекордното загадување, кое освен многу пари, не чини и човечки животи. Според светската здравствена организација, годишно, како последица на загадувањето, во земјава умираат над 2 ипол илјади луѓе. Надлежните тврдат дека преземаат мерки, но ефектите засега изостануваат. На ова предупредува и Светска банка.

-И покрај воведувањето мерки како што се попис на загадувањето и системи за следење на воздухот, сепак постои потреба од поинтензивно спроведување и на регулативите поврзани со животната средина.

Меѓународните организации не се единствените кои алармираат за овој проблем. Бројни се апелите и критиките од граѓанскиот и невладиниот сектор во земјава кој реагира и критикува дека надлежните прават многу малку за справување со овој проблем, а мерките кои се промовираат главно се козметички и популистички. Градскиот татко Шилегов постојано е изложен на критики дека не прави ништо конкретно за надминување на проблемот.

Бура од реакции предизвика неговиот потег да го кандидира најзагадениот град во Европа, за титулата Зелена престолнина, но и неговиот однос во Собранието каде игрите на мобилниот телефон му беа поважни од расправата за загадувањето. Шилегов се правдаше дека морал тоа да го прави поради паушални критики од опозицијата. Тој бара трпение и уверува дека резултати ќе имало. Во меѓувреме загадувањето е во подносителни граници, но главно поради ветрот и дождливото време.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This