СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ: Никогаш повеќе не гласајте за партија која преговара и договара промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светскиот Македонски Конгрес, како неформален светски парламент на Македонците од сите делови на Македонија и во целиот свет, смета дека после 24 години разговори за разликата за државното име Македонија со Владата во Атина, редно е пред целиот свет да се каже: КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА РАЗЛИКАТА ЗА ДРЖАВНОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!

СО СИТЕ РАЗЛИКИ МЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ ПО РОД И ДРЖАВЈАНСТВО, ДОМА И ВО СВЕТОТ, САМО МАКЕДОНИЈА Е НАШИОТ ЗАЕДНИЧКИ ИМЕНИТЕЛ, САМО МАКЕДОНИЈА Е НАШИОТ ЗАЕДНИЧКИ СОДРЖАТЕЛ! БЕЗ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА СМЕ НИКОЈ И НИШТО, БЕЗ ИМЕТО ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО!

Светскиот Македонски Конгрес повторува дека името на државата е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година кога Македонскиот народ и државјаните на Македонија, во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот според Уставот е задолжителна за сите!

Светскиот Македонски Конгрес апелира: СТАВЕТЕ ИМ КРАЈ НА ТИЕ ШТО РАЗГОВАРААТ И ДОГОВАРААТ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА!

Светскиот Македонски Конгрес апелира: Македонците и македонските државјани отсега па натаму на сите локални, парламентарни и претседателски избори да не ги гласаат кандидатите и политичките партии кои разговараат или договараат промена на името на државата и идентитетот на нацијата, се’ додека не се огласат, дека разговорите со Атина конечно се завршени и членството на Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации продолжува под единственото државно име Македонија, без додавки и без придавки, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (The Republika Makedonija) туку на англиски јазик The Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик како еден и единствен службен јазик на целата територија на Републиката и во нејзините меѓународни односи!

Македонците засекогаш треба да ги отфрлат политичките партии коишто формираат коалиции со центри во светот заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата, овие политички партии не се достојни за власт во државата чиешто име сакаат да го сменат!

Промената на името на државата и идентитетот на нацијата не претставува демократија и право на слобода на мислата и изразувањето, туку најтешко кривично дело велепредавство, флагрантно кршење на Уставот и на меѓународното право, на Повелбата на Обединетите Нации и на Универзалната декларација за човековите права, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This