April 26, 2024, 10:25 am

СВЕТСКИ ДЕН НА ТЕАТАРОТ: Сашко Коцев ја напиша овогодинешната порака за Светскиот ден на театарот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот актер Сашко Коцев годинава ја напиша македонската порака за Светскиот ден на театарот (27 март).


Автори на четирите светски пораки се: Сајмон МекБарни, театарски и филмски режисер од Велика Британија; Маја Збиб, театарска режисерка, изведувач, писателка, коосновач на театарската куќа „Зукак“ од Либан; Рам Гопал Баџаџ, театарски режисер, театарски и филмски актер, академик, поранешен директор на Националната драмска школа, Делхи, Индија; и Вере Вере Лајкинг Гнепо, мултидисциплинарен уметник од Брегот на Слоновата Коска.

Македонската порака, како и четирите светски пораки ќе бидат прочитани на 27 март во Македонскиот наорден театар пред почетокот на изведбата на претставата „Шилјан штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.

Претставата ќе се одигра од 21 часот, а влезот е бесплатен за посетителите.

„За сите љубители на театарот кои сакаат да го одбележат овој светски ден во МНТ, ќе имаат можност оваа изведба да ја гледаат бесплатно, а билетите треба да ги подигнат еден час пред нејзиниот почеток“, соопшти МНТ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This