April 25, 2024, 11:26 am

Светски познат инфeктoлoг открива – Дали paкaвицитe нè штитaт од кoрoнa виpycoт?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Носењето на ракавици нема да не заштити од корона вирусот затоа што даваат лажно чувство на сигурност, предупредуваат експертите.

Др Алисон Бартлет, специјалист за заразни болести на Универзитетот во Чикаго, изјавила дека ракавиците не се ништо друго освен лажно чувство на сигурност.

Иако СЗО предупредува дека редовното миење на раце е најдобар начин да се запре ширењето на вирусот, многу луѓе почнаа да носат и ракавици сметајќи дека така ќе го намалат ризикот од пренесување.

Меѓутоа, др Бартлет смета дека тоа е бесмислено затоа што вирусот може да преживее и на ракавици, ако со нив допирате валкани површини.

Таа додава дека посебно е опасно вадењето на ракавици затоа што додека се вади ракавицата од едната рака, слободна рака може лесно да ја допре другата ракавица.

Од друга страна, др Бартлет истакнува дека употребата на ракавици од страна на пошироката јавност би можело да доведе до преголемо трошење на залихите за лекарите.

И СЗО, но и многу други Центари за контрола и превенција на болести, предупредуваат дека ракавиците „не штитат нужно од корона вирусот и можат да доведат до ширење на вирусот“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This