CДCM како pacипана плoчa, Зopан Зaeв ќе биде мaндатap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ денеска соопшти дека претседателот на нивната партија Зоран Заев ќе биде мандаторот за состав на новата Влада која ќе ја води државата напред во следните четири години. Од партијата тврдат дека во тек се сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат.

Новата влада, како што се наведува, обезбедува нова развојна економија, која креира нови работни места и создава шанса за секој.

Граѓаните го одбраа концептот кој ја води државата напред, концептот кој ги враќа парите назад кај граѓаните и со своето избирачко право потврдија дека сакаат да продолжат по тој пат. Кон градење на нова развојна економија, која креира нови работни места и создава шанса за секој. Покажавме дека и во време на најголемата светска криза се грижиме за сите граѓани. Преку антикризни мерки со цел зачувување на работните места и оддржување на бизнисите во живот, наместо ставање клуч на врата, се наведува во соопштението од СДСМ.

Од таму посочуваат дека „Северна Македонија е социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зашто секој треба и секој ќе добие поддршка“.

Во следните четири години продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и државата, стои во соопштението од СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This