March 28, 2024, 12:21 pm

СДСМ мора да избере: Албанец премиер или опозиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу шпекулации, но нема сигурни информации за составот на новата влада. Партиите не споделуваат детали за разговорите меѓу лидерите, така што сите можни комбинации кружат во јавноста.

Уредничкиот коментар од Хаким Шума за порталот ShkurtShqip, го пренесуваме во продолжение:

Шпекулациите се многу различни, од тоа дека веќе е договорена влада меѓу СДСМ, ДУИ и ДПА, во друга калкулација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, каде потребно е само „која било друга албанска партија, која ја поддржува идејата за прв албански премиер!“ Или сега или никогаш за Албанците, или албанскиот премиер во раководството на владата или сепак останува истото – позицијата на премиерот монопол за македонската етничка припадност.

Албанците се во момент кога можат да изберат, да ја поддржат идејата за првиот премиер Албанец обединувајќи се сите околу него, или да продолжат во нејасното и потценувачко минато! СДСМ мора да го избере или албанскиот премиер или да си оди во опозиција!

Заев станува поголем националист од Груевски! Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, неколку пати предупредуваше дека ќе формира влада и дека никогаш нема да му ја даде функцијата премиер на Албанците. Во медиумите се појавија шпекулации дека е можна опција СДСМ да има премиер 3 години, додека ДУИ една година во четиригодишниот мандат.

Но, се чини дека Заев ниту за оваа опција не сака да попушти, затоа што тој инсистира само тој да биде премиер во наредните четири години. Заев го зголеми притисок врз ДУИ, со тоа што тврдеше дека обезбедил поддршка од тројца пратеници на ВМРО ДПМНЕ кои би можеле да го поддржат во формирањето на парламентарно мнозинство и со тоа да ја остави партијата на Ахмети надвор од владата.

Ова, колку може да изгледа како блеф, може да биде и реалност затоа што самиот Мицкоски го осуди евентуалниот трансфер на пратениците, што значи дека постои доза на вистина во ова.

За порталот ShkurtShqip, Хаким Шума за крај вели: Не треба да го бараме, туку треба да го земеме тоа што ни припаѓа!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This