СДСМ сака да ја сокрие аферата за склучените договори за адвокатски услуги

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на изминатиот период во јавноста излегоа бројни договори на јавни претпријатија со адвокатски друштва и адвокати блиски до СДСМ.

Според информациите до кои дојде „Република“, Миле Зечевиќ, надворешен советник на Зоран Заев, само од ЈП Водовод и канализација за 2018 година склучил договори во вредност од 77 илјади евра.

Исто така, Мери Младоновска, поранешна министерка во Владата на СДСМ, од ЈП Водовод и канализација и АД МЕПСО за адвокатски услуги наплатила 50тина илјади евра. Листата на адвокати блиски до СДСМ кои добиваат десетици илјади евра од државни претпријатија се зголемува секојдневно.

По излегувањето на информациите во јавноста за големи суми на финансиски средства кон адвокати блиски до власта, ВМРО – ДПМНЕ побара да се одржи надзорна расправа која што не беше поддржана од страна на мнозинството на СДСМ во Собранието.

Ова одбивање на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ од страна на СДСМ отвора сомнеж за прикривање на овој скандал преку кои се делат илјадници евра, пари од граѓаните за адвокати од СДСМ.

Очигледно е дека пратениците на СДСМ во Собранието прават напори овој скандал да не завземе поголеми размери и со тоа не дозволуваат на еден транспарентен начин преку надзорна расправа Комисијата за финансирање и буџет да изврши надзор врз делењето на пари од граѓаните за адвокатите од СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This