Сеад Кочан во среда треба да оди во затвор: Одбиено баpање на Кочан за одложување на 3атвоpcката kазна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја одби жалбата на осудениот бизнисмен Сеад Кочан за одложување на одењето во затвор на 17 јули, но од судот потврдија дека кај судија за извршување санкции е стигнато ново барање за одложување.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по жалба изјавена против решение на судија за извршување санкции од 01.07.2019 за предметот со К.бр. 1459/17 од обвинителството означен како ‘Труст’, на 12.07.2019 год одржа седница и по ценење на фактите и доказите донесе решение со кое ја одби жалбата на обвинетиот и го потврди решението на судија за извршување санкции. Воедно, кај судија за извршување на санкции доставено е ново барање за одлагање на извршувањето на затворската казна за кое е потрбно да се извршат неопходни извиди по што судија ќе одлучува, а по донесеното решение странките и јавноста ќе бидат навремено известени“, соопшти Основниот кривичен суд.

Судија за извршување санкции на 20 јуни донесе решение Кочан да се јави во казнено-поправна установа на 17 јули на издржување на затворската казна. Тој е правосилно осуден на 4 години и 8 месеци затвор во предметот на СЈО „Труст“ за добивање на незаконски тендер од 2011 година распишан од државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.

Основниот кривичен суд Скопје првостепено го осуди Кочан на 6 години затвор на 20 јули 2018, а на 11 март 2019 Апелациониот суд му ја намали казната на 4 години и 8 месеци. Второобвинетиот во истиот предмет, Василие Авировиќ, доби две години условно од Апелација, откако првостепено беше осуден на три години затвор.

Во петокот, Кочан беше примен на лекување во една приватна болница во Скопје и од судот потврдија дека тој го известил судијата за извршување санкции дека е хоспитализиран, притоа барајќи одлагање на извршувањето на казната. Кочан поднел и барање до Врховниот суд за вонредно преиспитување на пресудата од 4 години и 8 месеци за случајот „Труст“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This