СЕГА ТЕРЕНОТ ГО КОРИСТИ ЧОВЕК БЛИЗОК НА МАРИН: Аеродром го pacкина договорот за користење на фудбалскиот терен склучен со ФФМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општината Аеродром неодамна го раскина договорот за користење на фудбалскиот терен склучен со ФФМ, а истиот го користи близок човек на градоначалникот Златко Марин, пренесува Курир

Имено на ден 17.05.2018 година, на предлог на Златко Марин, советничката група на СДСМ донесе одлука за раскинување на договор за користење на фудбалски терен склучен помеѓу општина Аеродром и ФФМ, по што Златко Марин го раскинува предметниот договор.

Општина Аеродром на ден 07.08.2018 година објви јавен оглас за давање под закуп на фудбалскиот терен, со почетна цена од 1026 евра месечна закупнина.

Јавниот оглас пропадна, никој не го доби фудбалскиот терен под закуп.

Заклучно со денес, фудбалскиот терен се уште не е даден под закуп, меѓутоа истиот противправно го користи спортски клуб „ФК Аеродром 2018“, кој е во сопственост на полубратот на возачот на градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Аврамовиќ.

Исто така, општина Аеродром, на последната седница на советот донесе одлука согласно која општината ќе склучи договор со ЕВН Македонија и ќе го плаќа надоместокот за електрична енергија.

Немаме информација дали има од претходно заостанат долг и дали и тој долг општината ќе го плати. Дали Марин има некаков интерес од ова?, останува времето да покаже.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This