Секој жител на Планетата Земја должи 20.000 долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светскиот долг никогаш досега не бил толку висок и во моментов изнесува 225 отсто од глобалниот БДП и може да предизвика нова светска рецесија.

Планетата земја

Светот никогаш во историјата не бил толку должен, а ММФ пресмета дека вкупниот долг изнесува 152.000 милијарди долари или 225 отсто од глобалниот БДП.

Кога тоа ќе се пресмета, се доаѓа до тоа дека секој од речиси 7,5 милијарди жители на Земјата е должен по околу  20.000 долари.

На претставувањето на извештајот за глобалната финансиска стабилност ММФ предупреди дека со овој долг треба да се зафати што поскоро, пред тој да стане урнек за новата голема глобална финансиска криза. Исто така, предупредуваат дека проблемот не е само во тоа што долгот е висок, туку и во тоа што тој незапирливо и пребрзо расте, а две третини од овој долг отпаѓаат на приватниот сектор.

Стручњаците на ММФ сметаат дека токму долгот на приватниот сектор е најголемата опасност, па државите треба да интервенираат пред да биде предоцна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This