СЕЛА: Или целосна рамноправност помеѓу Албанците и Македонците или ние Албанците тука сите заедно ќе формирање федерација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главниот фактор кој во идната коалиција на Зоран Заев треба да ги носи реформските процеси, Зијадин Села вчера за Телма потврди дека останува на се што кажал пред сопствените избирачи во предизборниот период.

zijadin-sela-1

Села, во изјава за телевизија вели дека и сега ги брани барањата од интерес на Албанците во Македонија, но дека не гледа никаков радикализам кај себе.

-Гледам дека имаат, собираат од целата моја политичка кариера, се што сум изјавил. Јас немам проблеми со моите ставови, тие не се насочени против ниеден во државата, вели Села за Телма.

Во настапите пред своите избирачи Села говори за плановите за двојазичност и федерализација на Македонија.

-Ме радува тоа што Никола Груевски ја сфати пораката на нашата политичка платформа. Деновиве кажува дека нема да дозволат кантонизација на Македонија и дека нема да дозволат двојазичност, но ова е суштината на платформата на Алијансата за Албанците, вели Села.

-Ние во ниту еден момент нема да се откажеме од бинационална држава. Или целосна рамноправност помеѓу Албанците и Македонците или ние Албанците тука сите заедно ќе формирање федерација, вели Села.

И поранешниот белгискиот посредник на Меѓународната заедница за Пржинскиот договор, Питер Ванхауте ја откри вистинската намера на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и јавно почна да ја промовира федерализацијата на Македонија.

Ванхауте за порталот „Medium.com“ напиша дека федерализацијата во деведесеттите била ефикасна алатка за решавање на конфликти, како и дека за Македонија таа би била позитивна работа и оти би создала стабилност.

vanhautee-640x330

За потсетување Зијадин Села заедно со Заев остварија заедничка посета на албанската дијаспора во Берн, каде Села потврди дека со Заев се согласиле околу истите барања.

-Првиот чекор што мора бда го направиме, е да направиме уште поголема децентралзиација. Да ги создадеме регионите. Треба да бидеме растеретени дали има некоја делба, по некои математики. Гледам овде едно село е кантон, и тоа село си одлучува овде за самото село, истакна Заев пред албанската дијаспора во Швајцарија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Сител говореше за тоа дека во Македонија следува сценарио за двојазичност и кантонизација.

-Ние поминавме во период на избори. Јас секојдневно во кампањата кажував дека следува сценарио во неколку чекори, за двојазичност, напад на унитарноста на државата, кантонизации и тоа го говорев секој ден. Многумина не сфатија сериозно и не поддржаа, некои не ни веруваа и мислеа дека тоа го правиме само во кампања затоа што сакаме да собереме гласови. Но, денес многумина од тие кои така мислеа, почнуваат да мислат различно затоа што гледаат што се случува, почнуваа да се будат бидејќи сценариото продолжува да се реализира. Сакам да им порачам на сите граѓани ако сметаат и ако планираат со седење дома и гледање телевизија дека некој друг ќе има ја одбрани државата се во заблуда, во ваков период државата може да ја одбрани само народот, истакна Груевски во интервјуто за Сител.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This