СЕМЕЈНА ДPAMA ВО ДОМОТ АЦЕВСКИ: Вmeшана и трета личност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синоќешниот повик за помош до полицијата, денеска се претвори во вистинска драма. Порталите осамнаа со наслови: „Пратеник од СДСМ си ја претепал сопругата“и „Пратеникот насилник сакал да и` ги земе децата на сопругата“. Се шпекулираше со детали и изјави од соседи дека тоа не е првпат и дека пријави имало и порано, пренесува Телма.

Пратеникот, кој доаѓа од скопски Ѓорче Петров, тврди дека намало ниту физичко, ни психичко или какво било друго насилство. Изнесувајќи интимни детали, раскажа дека неговата сопруга, со која веќе подолго време не живее заедно, повикала полиција поради недоразбирање.

Сопругата Марија не сакаше да даде изјава пред камера. Во телефонски разговор ни кажа дека нејзиниот сопруг никогаш не бил насилен, имале расправии, но секогаш ги решавале мирно. Тврди дека не го пријавила него, туку трета личност, која била присутна за време на расправијата и, според неа, ги направила сите проблеми. Не знаеше да објасни зошто во полицискиот билтен стојат иницијалите на нејзиниот сопруг, а не на таа трета личност. Подоцна двајцата се огласија и на фејсбук, со што и таму предизвикаа лавина од секакви коментари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This