СЕ БЛИЖИ КРЕШЕНДОТО: На три месеци пред избори случајот „Рекет 3“ експлодира во рацете на Заев и Филипче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Случајот „Рекет 3“ тежок милиони евра експлодира во рацете на Зоран Заев и Венко Филипче на три месеци пред избори, реагира Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните не видоа ништо од новата клиничка болница во Штип, а сега гледаме и слушаме зошто. Постои сериозен сомнеж кој што се отвори во медиумите дека незавршувањето на клиничката болница во Штип е поврзано со нова рекетарска афера. Дали зад доцнењето на градбата, не стои рекетирање на македонски бизнисмени, преземање на домашна компанија со нејзино намерно туркање во стечај заради долг и потоа купување под реалната цена? Сето тоа е зачинето и со определувањето дополнителни буџетски средства, без казна за изведувачот иако длабоко доцни со реализацијата, што отвора можност и сомнеж за нови лукративни позадини. Деновиве министерот за здравство Венко Филипче побара од владата нови 7 милиони евра за изградба на клиничката болница во Штип, градба за која веќе втор пат и се продолжува рокот, без никакви последици кон изведувачот, истакнува тој.
Стоилковски вели дека изведувачот, грчката компанија „Интракат“, сега бара дополнителни пари од Филипче за болницата.

Филипче на истата компанија претходно и го продолжи рокот за една година за градба, без притоа да ги активира парите оставени како банкарска гаранција. Гаранцијата, всушност и не е на „Интракат“, туку гаранција од домашниот подизведувач „Бетон“ Штип. Филипче го продолжи рокот за градба на грчката „Интракат“, откако изведувачот го раскинал договорот со домашниот „Бетон“ Штип. Како што пишуваат медиумите, кој што остава 3,5 милиони евра гаранција за да добијат работата како подизведувачи, а „Интракат“ тие пари до министерството за здравство ги прикажува, ги поднесува како сопствена гаранција. Согласно ова, при прекинувањето на договорот меѓу „Интракат“ и „Бетон“ Штип, банкарската гаранција не важи – парите требало да бидат вратени на „Бетон“ Штип, а изведувачот да даде своја гаранција. Потоа требало да се распише нов тендер за подизведувач. Во спротивно, Филипче требал да го раскине договорот и да бара финансиски надомест од „Интракат“ за нанесена штета односно за незавршена работа. Наместо ова, Венко Филипче во 2018 година го продолжува рокот за градба со „Интракат“ до почетокот на 2020 година, а сега најавува нов рок до 2021 година. Притоа се најавуваат дополнителна исплата од 7 милиони евра за „Интракат“, со образложение – поголеми трошоци поради цели две години доцнење со реализација на изградбата на болницата, посочува Стоилковски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ порачува дека јавноста заслужува одговори, а обвинителството мора да преземе сериозни чекори кон расчистување на случајот, особено што медиумите за овој случај споменуваат актуелни министри, лице од семејството на Зоран Заев како посредник во изведувањето, како и други лица поврзани со активни судски предмети.

„Рекет 3“ е продолжение на „Рекет 2“ и на „Рекет 1“, и е само дел од севкупната криминално рекетарска активност на власта во заминување. Одговори и одговорност мора да има, порача тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This