March 29, 2024, 12:33 pm

СЕ БУДИ И ЈАПОНИЈА: Прв пат од Втората светска војна, Јапонија активираше 1.500 мариници за брзо делување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јапонија ја активираше својата прва едница маринци од Втората светска војна до денес, што е во спротивност со уставот на земјата, кој забранува војување

На церемонија на островој Кјушу во воената база „Сасебо“ активирани се 1.500 припадници на бригадата за брзо делување (АРБД), пренесе РТ.

Активирањето на маринците е последна одлука во низа, со цел зајакнување на војската, а основна задача на оваа единица е одбрана на оддалечените острови на југозападот на Јапонија.

Новата единица има вкупно 2.100 маринци, но се очекува тој број да биде зголемен на 3.000.

По Втората светска војна, во Уставот на Јапонија донесен е амандман со кој се предвидува забрана за војување, како и одржување на вооружени сили со потенцијал за одбрана.

Името на јапоснката војска е Јапонски сили за самоодбрана.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе во март најави дека има намера да направи ревизија на Уставот.

„Крајно време е да се направи уставна ревизија, што е задача уште од основањето на партијата“, истакна Абе.

Порастот на милитаризам во земјата доведе до протести на жителите, кои не се задоволни ниту поради присуството на американската база во Јапонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This