СЕ ЗАПАЛИ ПАТНИЧКИ АВТОБУС: Страотна глетка на патарината пред Скопје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва на автопатот Скопје – Тетово се запали патнички автобус. Според возачите кои биле сведоци на глетката автобусот бил речиси целосно опжарен.

17495665_10154232258802212_2099511608_n-640x480

На терен веќе се излезени пожарникарски и полициски екипи, но сеуште не е позната причината поради која се запалил автобусот. За среќа во оваа несреќа нема повредени лица, потврди за „Република“ Командантот на пожарна Скопјe.

Како што објаснија од таму, патничкиот автобус кој бил со гостиварски регистерски таблици се враќал од сервис и почнал да гори при застојот на патарина, а внатре бил само шоферот кој навреме го почуствувал чадот и го напуштил автобусот.

Од станицата од Ѓорче Петров веднаш испратиле две возила кои интервенирале во гаснењето на огнот, причинета е само матерјална штета.

17495707_10212905979902952_416324073_n-520x389

Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This