Се огласи Арсовска за бугарското државјанство: Срамно и небулозно е да го прават ова на два дена пред избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Колку и да ме напаѓате во следните денови имаме уште три дена од оваа кампања почитуван господине Шилегов, треба да знаете дека одговорност ќе имате за парите на скопјани кои ги потрошивте, а не дадовте отчет, за сите работи кои ги направивте вклучително за она што ме навредивте мене како личност и целото мое семејство, рече Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 24 во емисијата Анализа.

Арсовска одговори и на обвинувањата, односно како што рече небулози дека има бугарски пасош.

– Искрено не да сум разочарана, јас веќе не знам за што зборуваме и како не им е срам да излегуваат со сите овие работи, небулози кои ги вадат. Прво излегоа дека сум била донатор на политичка партија, каде се доказите за тие работи. Ги кријат, работите ги замаглуваат, ги вадат како полувистини каде се тие информации, каде се информациите дека сум муслиманка, каде се информациите дека некој нешто крадел, злоупотребил, каде се. Значи стварно е небулозно, срамно е да го прават на два дена пред кампања, а зборуваме за исти луѓе со кои јас сум имала можност пет години да седам на иста маса да бараат мои совети за еконосмки мерки и каде ниту еднаш, ниту лично, ниту професионално немале никаква замерка ниту на мојата работа, ниту на мојата личност, рече Арсовска.

Јас знам, посочи таа, во каква борба влегувам и дека немам ниту една дамка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This