ДАЛИ СЕ ПОДГОТВУВААТ НОВИ АПCЕЊА ЗА СКОПЈЕ 2014:Управата за финансиска полиција комплетирала уште два случаи за изградбата на „Водовод и канализација“ и на Македонската филхармонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми во интервју за Отвореното студио на 1тв вели дека наскоро може да се очекува јавноста да дознае за тоа кој е странските инвеститор кој се сомничи за фалсификување и за перење на 200 милиони евра во земјава.

Тој вели дека со меѓународна странска помош се чека само уште еден документ со кој ќе се докаже делото перење пари, додека останатиот дел е документиран.

-Завршен е поголемиот дел од истрагата и очекуваме еден документ за да се документира случајот за перење пари. Делот на фалсификување, на измама е докажан со помош на јавен обвинител. Ни останува последната алка на перење пари, вели Муареми, кој објасни како е откриен случајот.

-Утврдивме преку полициски канали дека за тие пари инвестирани од таа држава од каде стигнуваат, во таа држава се води истрага за измама. Сега тие полициски информации треба да бидат официјализирани преку меѓународна правна помош по што ќе се проследи до јавен оибвинител, рече Муареми.

Тој исто така објави дека Управата за финансиска полиција комплетирала уште два случаи во рамките на истрагата за „Скопје 2014“, а се однесува на изградбата на два објекти- оној на „Водовод и канализација“ и на Македонската филхармонија.

-Тие се звршени и очекуваме ЈО да каже и ќе се поднест соодветни пријави, вели тој.

Муареми за 1тв, објасни и дел од сомневањата за овие случаи кои се поврзани со изведувачот Алпине бау.

-Се работи за извлечени многу парични средства. Прашањето е како дојде до стечај на изведувачот. Кога ќе се анализира случајто ќе се види дека многу пари се извлечени во готово без да се завршат работи. Се работи за фимата Алпине Бау. Се пријавуваат повеќе фирми како подизведувачи дека наводно завршиле некоја работа, а во позадина е само да се извлечат парите, вели Муареми.

Муареми го спомена и случајот со компанијата Диамед Македонија и како е алармирано дека се работи за сомнителна трансакција.

Директорот на Управата за финансиска полиција Муареми во интервју за Отвореното студио на 1тв вели дека не само што се работи на истраги на случаи со можна злоупотреба на државни пари, туку оваа Институција како чувар на буџетот ги следи и сите јавни набавки кои се прават од актуелната власт.

Тој укажа на неколку начини, како при јавни набавки државата може да биде оштетена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This