СЕ ПОЈАВИ НОВО ВИДЕО ОД ЛЕНЧЕ РИСТОВСКА: Видно „расположената“ обвинителка лумпува на државна сметка по приватни забави!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кој плаќа кога Ленче пие и лумпува? Ова е прашањето кое си го поставија граѓаните откако ги видоа снимките на кои обвинителката од СЈО Ленче Ристовска видно расположена ја води забавата во кафуле во Тетово.

asfafasf-640x312

На снимките кои ги објави новинарот Миленко Неделковски, се гледа прилично „расположениот“ танц на обвинителката Ристовска на песната „Твојте очи, Лено мори“ која и’ ја свират членовите на составот „Љубојна“.

Она што е познато е дека Ристовска ужива во популарноста, меша, пее, пие, наздравува, се фотографира и си ја троши својата сериозно висока плата од Специјалното јавно обвинителство.

Она што не е познато е информацијата колку телохранители Ристовска користи кога излегува во град на некоја чашка и малку танцување? Колку пари го чини тоа буџетот на Република Македонија, имајќи предвид дека Катица Јанева во својот енормно голем буџет сериозна ставка предвиде за телохранители за себе и за своите обвинители и истражители?

Граѓаните кои коментираат на социјалните мрежи поставуваат и други логични прашања: што се може да се направи со парите кои наместо да се плаќаат за телохранител на обвинител кој „лумпува“ во кафуле или кафана, може да се употребат во друга намена.

Дилема во јавноста е и дали треба некој телохранител платен со државни пати да ги чува Ленче, Фатиме, Катица и другите љубители и љубителки на меаните и чашките, додека се пијанчат во слободно време?

Добро е познато дека Катица Јанева не сакаше пред јавноста да соопшти на што се ги троши 4-те милиони евра годишен буџет, кој беспоговорно и беше одобрен кога го побара. Она што јавноста сепак го знае е дека Јанева од СЈО направи партиско-семејно биро за вработување на членови на СДСМ. Јанева, чија членска книшка од СДСМ пред неколку месеци се појав во јавноста, во СЈО го вработи и својот внук ставајќи го на буџетски трошок, притоа апсурдно тврдејќи дека не станувало збор за непотизам – а е чист непотизам по сите правила и прописи.

Но, не само својот внук: Јанева во СЈО вработи и цел куп функционери и активисти на СДСМ, без око да и трепне, напротив, со невидена ароганција и дрскост потсмевајќи им се на граѓаните од чии пари зема плата и за чиј интерес би требало да работи.

Ова не е прва јавна кафана на јавните обвинителки. Ракија беше изборот со кој Фатиме Фетаи и Лиле Стефанова се опуштаа после напорното смислување на спектакуларни прес-конференции на кои нема да се каже ништо.

lile-fatime-0

lile-fatime-1-640x427

lile-fatime-4-640x333

Неодамна, на новогодишната прослава на СЈО сведоци раскажуваат дека за баханалиите на членовите на обвинителството бил резервиран цел кат во еден скопски ресторан, како и дека на други гости не им било дозволено да ја нарушуваат интимата на „специјалките“.

Според годишниот план, СЈО во работните денови предвидело дека ќе потроши милион и двесте илјади денари за авионски карти, 900 илјади денари за фотокопирање (плус 500 илјади денари за тонери и 600 илјади денари за канцелариски материјали), 300.000 денари за кетеринг услуги, 720 илјади денари за чистење на деловните простории, но и 155 илјади денари за кафиња во капсула.

Она што го нема во годишниот план, а јавноста треба да го знае е, колку пари од СЈО се трошат на телохранители за обвинителките, додека тие лумпуваат по кафани.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This