СЕ ПРОДЛАБОЧУВА СУДИРОТ ПОМЕЃУ ЌАХИЛ И ИБРАХИМ: Аднан Ќахил најави тужби за клевета против претседателот на ТДП Енес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во  текот на вчерашниот ден а по претходна телефонска изјава како и писмено соопштение од страна на претседателот на партијата за движење на Турците во Македонија Енес Ибрахим беа изнесени низа на клевети и навреди против угледот и честа на г-дин Аднан Ќахил, а кои лаги имаат за цел само да придонесат на нарушувањето на честа и угледот на г-дин Ќахил – стои во соопштението испратено до медиумите во врска со внатрепартискиот судир кој го најави новиот претседател на партијата Енес Ибрахим, потпишано од правниот застапник на Ќахил, адвокатот Иван Живковски

 

Според Ќахил, истите клевети и навреди ниту од далеку не ја претставуваат реалната состојба и расколот кој се обидува да го направи Ибрахим во партијата. Во соопштението испратено од правниот застапник на Ќахил, Живковски, се додава дека на овој начин Ибрахим се обидува да го затскрие неговото криминално работење во партијата.

Министерот без ресор бара итно извинување од Ибрахим, во средствата за јавно информирање, во спортивно ќе биде соочен со тужба, се додава во демантот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This