April 19, 2024, 12:44 pm

СЕ ПРОШИРУВА ЗАБРАНАТА ЗА НОСЕЊЕ ХИЏАБ: Австриските власти воведуваат забрана за хиџаб и за наставниот кадар во сите државни училишта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако ја најавија зaбраната за носење муслиманска марама (хиџаб) за девојчињата до 14-годишна возраст, новата австриска министерка за интеграција, Сузане Раб изјави дека „како следен можен чекор“ се разгледува и зaбраната за сите учителки, наставнички и професорки во јавните школи, пренесоа австриските медиуми.

Весникот „Кронен Цајтунг“ јавува дека Раб (министерка од австриската Нардона партија – ОВП) вели дека во новата австриска Влада „има широк консензус“ за оваа тема.

Според неа, станува збор за примери кои се учат во училиште. Таа не наведува кога би се спровела зaбраната за носење хиџаб, нити за тоа како е договорен „првиот чекор“ на ниво на владата. Зaбраната за вработените во образованието, вели таа, ќе биде „вториот чекор“.

Министерката повторно ја оправдува, наведува австрискиот весник, зaбраната за носење марами за девојчиња помлади од 14 години, изјавувајќи дека „на крајот целта е сите девојчиња помлади од 14 години да се научат да бидат самоуверени жени“.

Станува збор за споделување на основните вредности кои мора да се почитуваат – истакна Раб и додаде дека сака со министерот за образование и партиски колега Ханјц Фашман да ги утврдат начините за вклучување на родителите, децата, учителите, како и одборот на директори во овој процес.

Прво мора да се утврди мерката за раст на свеста, но доколку не бидат успешни тогаш треба да следат cанкции – изјави Раб.

Претходно беше соопштено дека Исламската верска заедница во Австрија до Уставниот суд поднела жaлба на забраната за носење марами во училиштата.

Од оваа школска година во австриските основни училишта е зaбрането „носењето верски обележја на облеката, кои се поврзани со сокривање на главата“.

Исламската верска заедница смета дека со зaбраната се kрши основното право на слобода на вероисповед, како и правото на родителите да ги воспитуваат децата.

Од стапувањето во сила на зaбраната, односно од почетокот на школската година до крајот на ноември, ширум Австрија имало само осум случаи девојчиња да дошле на училиште со марама. Во тие случаи родителите го прифатиле почитувањето на законот на што им укажала управата на училиштата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This