Се случува ли промена на македонската нација и одвнатpe?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Покрај несигурноста на луѓето поради здравствените и егзистенцијалните проблеми, истоветни како и во целиот свет, во Македонија се јавува зголемена фрустрираност поради пројави на проблематизирањето на македонската нација и држава.

Така со промената на името на државата и последиците по одредбите за националната самобитност од Преспанскиот договор се одвиваат, прво, промени со закони (Законот за јазиците, со идејните прерогативи на образовната реформа ), но и преку индиции содржани во дискусии за симболите и обележјата на државата и политички обраќања што водат кон прерогативи за суштински промени на македонската нација а оттаму и на државата. Ако, притоа, под нација ја подразбираме политичката заедница на народот а државата дека е институција на нацијата.

Претпоставка за сето ова е тезата за „едно општество за сите“ при што, наместо, да се бранат еднаквите права на сите, се наметнува еднаквата застапеност на етничките колективитети. Кај албанскиот политички презент со аргументација дека на тој начин се надминува наводната нееднаква поставеност на Албанците во општеството. А претставување на тезата со замена на тезата дека е потребно еднакво застапување на етничките колективитети се јавува пошироко, на пример, и во пристапот на образовната реформа.

На овој начин фактички се руши концептот на македонската држава како држава на македонскиот народ и необјективно се определува позицијата на малцинствата во државата, што значи и на албанското малцинство. И се создаваат реално нерамноправности а да не говориме дека се руши и една суштинска вредност за развојот на опшреството каква што е мерит системот.

Заблудата околу пристапот се обидува притоа да се објаснува со поистоветувањето на македонската нација со мултиетничко општество. Под што мултиетничкото општество се подразбира единствено како збир на етноси. А целта е етносите, нужно да бидат претставени како колективитети, и тоа во целокупната политичка организација на општеството. Со тоа се нарушува концептот на нацијата како политичка заедница и на државата чиј суверен е македонскиот народ. Факт, изразен во македонскиот Устав. Истоветен концепт според кој се дефинираат сите држави во светот со сувереност на еден народ при што малцинствата што живеат во рамките на државите го уредуваат својот статус според европските нормативи за уредување на државите.

Ако се постави прашањето дали постојат причини за преиспитување на концептите за македонската нација и за македонската држава поради промената на составот на населението, односно поради бројноста на албанското население во Македонија, споредбено, е потребно да го поставиме прашањето дали, на пример, Германија или Франција, поради населението на Турците, Арапите, Африканците и другите, ги менуваат концептите на своите нации и држави. А одговорот е познат за сите.
Второ, се избегнува ословувањето на културата како македонска. Очигледно се проблематизира последично и ова прашање.
Фактички се пренебрегнува најзначајната претпоставка дека културата е творевина што се создава со оглед на истоветноста на општественото живеење. Ако е создавана во Македонија логично е да се говори за тоа дека е македонска национална култура. А за македонскиот јазик како обединувачки фактор во рамките на националната култура. Но, очигледна е претензијата за создавање на култура како конгломерат на одвоени културни целини. Проблематизирањето на концептот на културата дотаму станува паралелниот фактор за расточување на македонското општествено ткиво и неповрат на македонското општество.

Ако сведуваме околу настанатата дезориентација по овие прашања, што е случај и при честото непринципиелно отстапување во донесувањето на многу политички одлуки, ќе укажеме дека причината е во неоправданото непочитување на теоретските приоди за односите во општествената сфера. А тоа, пак, создава несоответни одлуки и постапки што доведуваат до распад на општеството и до распад на општествениот систем.

Во исто време кога сиот правен систем во ЕУ е заснован врз стекнатите научни и теоретски сознанија за општеството. А на истоветен начин се настанати и повелбите за човековите права, конвенциите за односите народ- малцинства-нација и други, се создаваат параматрите што обезбедуваат стабилен општествен систем а се врши и примената на европското право. Нашата политика оттаму мора да ги надмине непосакуваните процеси врз општествениот систем на Република Македонија припомагајќи се со најзначајната теоретска мисла и европското право.

Јованка Кепеска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This