СЕ СЛУШААТ РАФАЛИ: Вучиќ се обрати преку телефон од барикадите, рафали се слушаат во селото Бања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес се обрати преку телефон на мештаните на Бања, српска енклава во општина Србица на Косово, во која не можеше да пристигне откако ветераните на УЧК поставија барикади на патиштата јужно од Ибар

Вучиќ се обрати преку телефон, додека стоел на пат каде го застанала патрола на КПС и му оневозможила премин кон Бања, а мештаните го слушале преку разглас.

Рекол дека му е жал што приштинските власти го спречиле да дојде во нивнтото сео.

Поединци меѓу насобраните, вознемирени од ситуацијата и рафалите кои се слушале по целото село во текот на ноќта и изутрината, не ги криеле солзите.

„Ве молам да се држите, ќе помогнеме колку што можеме“, рекол Вучиќ.

„Се надеваме дека ќе се видиме во подобра прилика. Ви посакувам здравје и се најдобро за вашите семејства“, рекол Вучиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This