April 26, 2024, 12:02 pm

СЕ ТЕСТИРАЛА ВЧЕРА: Медицинска сестра од детското одделение на велешката бoлницa е зaрaзeнa со кoрoнaвиpyc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Медицинска сестра од детското одделение на велешката болница е заразена со коронавирус. Таа била тестирана вчера, а синоќа стигнал нејзиниот позитивен резултат. Медицинската сестра имала и симптоми на пнеумонија, па веќе е хоспитализирана на инфективното одделение во болницата.

Од велешката болница ја потврдија информацијата, но велат дека преземени се сите мерки и нема опасност од ширење на заразата во болницата.

-Епидемиолози од Центарот за јавно здравје веќе беа во посета на детското одделение, разговараа и со инфицираната и со сите вработени од одделението и утврдија дека се почитувани сите протоколи, дека сите медицински лица, вклучувајќи ја и инфицираната медицинска сестра, цело време носеле заштитна опрема. Затоа е проценето дека нема потреба никој од останатите вработени или пациенти да оди во изолација, рече д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на велешка болница.

Според информациите, медицинската сестра е заразена од веќе постоечки кластер, познат на епидемиолозите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This