СЕ ШТО ВЕТИ ИЗЛАЖА:Ништо од повратот на ДДВ за граѓаните и од понизок персоналец за сиромашните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Засега ништо од повратот на ДДВ за граѓаните. Власта повторно го одложува она што го ветуваше како опозиција. Наместо пилот проект во три општини од 1 јануари сега најавува нов концепт кој би ги опфатил социјалните случаи и невработените од 1 јули. Целосна имплементација за сите е можна најрано во 2020-та.

„Верувам дека до 1 јули ќе имаме доволно капацитет во Министерството за финансии, а пред се во Управата за јавни приходи да го стартуваме овој значен проект“ изјави премиерот Зоран Заев.

„Секој граѓанин ќе добива назад по 15 проценти од платениот ДДВ во фискалните сметки. Тоа ќе значи, на крајот од годината, уште една плата плус во секое семејство“ стои во „Планот за живот во Македонија“.

Ова не е единственото неисполнето ветување од предизборната програма. Во неа пишува и дека со даночната реформа ќе се зголеми персоналецот за најбогатите а ќе се укине за најсиромашните.

„На граѓаните кои имаат вкупен месечен личен доход до нивото на законски определената минимална плата, ќе им биде вратен износот кој како перосонален данок на доход претходно бил уплатен од страна на нивните работодавачи“ стои во програмата.

Со законските измени стапката се зголемува од 10 на 18 проценти само за приходите над 90 илјади денари, но не се укинува за оние кои заработуваат под 12 илјади.

„Државата нема капацитет да ги издржи сите аспекти. Тие ќе бидат за следниот период… Верувам дека ќе јакне економијата“ вели премиерот Зоран Заев.

„Промените во даночниот систем треба да обезбедат поголема праведност во распределбата на доходот и богатството во нашата земја. Тие се така замислени за да воведат повисок данок за најбогатите и намалување на даноците за сиромашните“ пишува во „Планот за живот“.

Од најавената реформа се воведува само делот со повисоки давачки за побогатите. Засега ништо и од ветувањето за поевтини или бесплатни јавни услуги за посиромашните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This