Се pacпаѓа ли парламентарното мнозинство? Пратеникот од СДСМ, Талески пред неколку дена ја понудил својата оcтавка?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неофицијално првиот човек на СДСМ Прилеп и единствен пратеник во Собранието од градот под Марковите Кули, пред неколку дена ја понудил својата оставка, пишува Маркукуле.

Талески беше назначен за прв човек на ОО СДСМ Прилеп веднаш после локалните избори во 2017 година, беше претседател на Советот на општина Прилеп, а од минатата година е пратеник во Собранието на Република Македонија.

Како прв човек на СДСМ во Прилеп забележа три последователни порази, загуби на претседателските избори, загуби на парламентарните избори, и најактуелно со огромна разлика загуби на локалните избори на 17. октомври.

Веќе втора недела врие од критики на социјалните мрежи од неговите сопартијци, кои главно го посочуваат токму Талевски за главен виновник за поразот на локалните избори.

Исто толку време Талевски молчи, и иако беше доста активен и гласен на социјалните мрежи, сега буквално исчезна.

Талевски не најде ниту време да се заблагодари на поддржувачите и гласачите на СДСМ, што дополнително ја зоврија атмосферата во општинската организација.

Исто така тој не покажа политичка култура и не му честиташе на новоизбраниот градоначалник на општина Прилеп, Д-р Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ.

Сето ова дополнително го намалува неговиот рејтинг кај прилепчани, особено кај поддржувачите на СДСМ кои десетти ден по ред бараат одговори и одговорност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This