СЗО ГО ДEМAНТИРA „ЕКСПЕРТОТ“ ЗАЕВ: Нема докази дека виpycот ослабнал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема докази дека новиот коронавирус ја сменил формата на пренесување или дека тежината на болеста што ја предизвикува е променета, велат денеска експертите од Светската здравствена организација (СЗО).

„Нема промена во однос на преносот, нема промена во однос на моќта“, изјави епидемиологот на СЗО, Марија ван Керхова, на прес-конференцијата.

„Најважно е да се спроведат мерки за намалување и задушување на преносот“, рече таа.

Заев вчера: Вирусот слабее

Лидерот на СДСМ вели дека вирусот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски случаи, но се шири. Тој кажа дека сите нови случаи се од периодот кога имаше полициски час, што, според него, и тоа не е решение.

„Ќе биде јули, секој има време да се подготви. Вирусот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски, но се шири. Сите денешни бројки се од времето кога имаше полициски час, така што и тоа не е решение. Во сите овие денови имаше само пет хоспитализирани во Градската болница и двајца на Инфективната клиника. Ова ќе трае и на 5 август, и 5 октомври, и 5 јануари, не можеме Владата да ја оставиме вака заради нечии скриени калкулации. Здраво е за државата да има парламент и парламентарна демократија“, рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This