СИЛЈАНОВСКА: За овие природно било отсекогаш да сме се викале Северна Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уставот може да се менува, но многу вниимателно и одговорно, со „рака што трепери“, го започна своето обраќање вечерва од Македонски Брод професорката Гопрдана Силјановска Давкова.

Уставот е најважната правна и политичка книга на една држава. За повеќе од 200 години Американците само 27 пати го смениле Уставот, а тој има само 7 члена. Ние го сменивме Уставот 36 пати од 1991 година, ама само 2 пати однатре, еднаш заради протворот и еднаш заради правосудството. Сите други измени доаѓаат на барање од надвор, Силјановска – Давкова отвори тема за која досега не зборувала на митинзите во предизборната кампања.

Таа јавно праша ако е така, тогаш од кого извира суверенитетот, од граѓаните за кои е Уставот или однадвор.

Минатата година Уставот на РМ се менуваше не заради граѓаните, не заради добрата функционална држава, не заради подобар економски, политички, правен живот, туку заради промена на името. И тоа во Преамбулата. Во преамбулата се кажува за славното минато, за Крушево, за Илинден, за првата република, за Втората светска војна, за целите што ни се најважни. Преамбулите во светот ретко се менуваат, зашто го отсликуваат моментот кога е донесен Уставот – 91 година Устав, 91 година Преамбула. Ама последнава Преамбула како да се случила во 91, ама како во 91 ние на референдум да сме гласале за Северна Македонија и како партизаните да се бореле за Северна Македонија и илинденците да сонувале и да се бореле во првиот илинден за Северна Македонија. Тоа не е така, рече Силјановска.

Таа објасни колку е тоа погрепно, неприфатливо и болно.

И по повеќе од 200 години Преамбулата на САД е иста. Истото важи и за Швајцарија, зашто тогаш тие го носеле тој устав. А овие сега на власт велат дека од секогаш било природно да се викаме Северна Македонија. Тоа што за нас е вештачко, може за нив да е природно, но сакам да им кажам дека Уставот како највисок акт не се менува кога некој ќе сака, туку секогаш во името на народот, а народот на 30 септември рече НЕ за промените. Ама тие заборавија на народот, потсети кандидатката за претседател на Република Македонија, професорката поддржана од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This