April 25, 2024, 12:11 pm

Силјановска: “Македонија cпopeд Уcтaв е coцијaлнa дpжaвa, а благодарение на Владата за жал и социјален случај”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гордана Силјановска Давкова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница на дебатата за ребаланс на Буџетот посочи дека не е точно дека не е време за капитални инвестиции, туку напротив доколку има тие ќе дадат резултат.

Деновиве читам што препорачуваат најголемите светски експерти и економисти. Па дека ми е омилен Јозеф Штиглиц го читам и што вели тој, а читам што вели нобеловецот Кругер. И тие се враќаат на депресијата американска 29-32 година и велат дека ова е време за некој лик како Рузвелт. Новиот договор се однесува на капитални инвестиции и затоа ме чуди логиката на луѓе од економијата кога мислат дека толку е кусо времето потребно да се справиме со страшниот пожар наречен КОВИД-19. Велат нема време за капитални инвестиции. Значи напротив се вели дека ваквите кризни моменти се време за капитални инвестиции бидејќи тие ќе дадат резултат, значи не е точно дека не е ова време за такво нешто. Се бара во нашиот претседател и во нашиот премиер некој нов Рузвелт или некој кој ќе поседне по Нов договор, истакна таа.

Силјановска во своето обраќање рече дека за жал Република Македонија е социјален случај каде пензионерите, стечајните работнице, самохраните мајки законски треба да се заштитат.

Уставот вели Македонија е социјална држава, за жал е социјален случај. И сега напамет ми паѓа онаа фантастична бројка од 5 милиони евра во приватните клиники, принудени биле луѓето бидејќи не можеле во јавното здравство, дали тоа значи дека во новиот закон кој го усвоивме се сеќавате на измената дека ќе може и таму да се лекуваат луѓето, дали ќе партиципирате во покривањето на овие трошоци или е тоа само повторно реторика, додаде таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This