СИЛЈАНОВСКА УПАТИ ЧЕСТИТКА ЗА ВЕЛИГДЕН: Да се радуваме, да си простуваме, да се сакаме и да се почитуваме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ви го честитам најголемиот христијански празник Велигден, празник кој е основа на нашиот христијански живот и надеж. Денот кога вистината ја победи лагата, напиша кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

„Денес се потсетуваме на вековната порака на Исус Христос, за мир и пријателство, за човекољубие и меѓусебно почитување, за свое спознавање и достоинствен позитивен живот. Денес, повеќе од секогаш, водени од нашата духовна верба, треба да се сплотиме заедно, да бидеме едно на страната на правдата и правдината за нашата татковина Македонија.

Со верба во Бога, со мир во душата и љубов во срцето, да се радуваме, да си простуваме, да се сакаме и да се почитуваме. ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!“, напиша Силјановска.

Ви го честитам најголемиот христијански празник Велигден, празник кој е основа на нашиот христијански живот и надеж….

Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Sunday, April 28, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This