Сингапур и kopoнавиpуcот: Се живее без пaниkа, а политичарите се откажаа од платите во kopист на медицинските лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Сингапур животот се одвива нормално, и покрај пандемијата. Авторитарниот град-држава во Источна Азија презеде мерки навреме: со повикување на солидарност и остри казни за кршење на правилата. А помага и музиката, пишува Дојче веле.

„Се бориме против вирусот“ е името на песната која со познатата мелодија на „Саунд оф сајленс“ на „Сајмон & Гарфанкел“. Постои и корона-рап на кој се игра во училиштата во Сингапур.

– Измијте ги рацете, не допирајте го лицето – така се чистиме од вирусот – вака звучат песните во заедничката битка во која сите можат да се потпрат еден над друг.

Тоа е духот на Сингапур на кој апелираше и премиерот Ли Хсиен Лонг:
– Секој има своја задача во оваа криза и никого нема да го оставиме сам. Ова е обединет Сингапур!

И звукот од клиничкиот термометар е дел од новиот звук на Сингапур – на аеродром, во подземна железница, пред јавните згради и трговските центри.

Маските отсекогаш биле дел од градскиот пејзаж

Во понеделникот во Сингапур, град со помалку од 6 милиони жители, беа потврдени 121 случај на коронавирус. Но, клучната работа е што речиси исто толку пациенти се излекувани и отпуштени од болница. Сите заразени лица беа изолирани во краток рок, контактите на заболените со други лица се идентификувани и ставени во карантин со помош на системот „Контакт-трејсинг-менаџмент“, развиен по епидемијата со вирусот САРС пред 17 години.

Ситуацијата во Сингапур е под контрола, објаснува шефот на владата, и градот нема да биде затворен како што е случајот во Кина, Јужна Кореја или во Италија. Животот во оваа метропола се одвива нормално. Децата одат на училиште и во градинка, рестораните и продавниците се отворени. Луѓето носат маски, но тоа е вообичаена глетка. Кога некој во Азија има настинка, секогаш носи маска на лицето – не заради себеси, туку за да ги заштити другите.

Биди внимателен, но не паничи – тоа е мотото. Секако, градот е попразен од вообичаено затоа што доаѓаат помалку туристи. Откако беше забранет влез во Сингапур за Кинезите, Јужнокорејците и Италијанците, сега забраната важи и за Германците. Германија се смета за земја со висок ризик и се критикува дека е една од оние што предолго не го сфаќаа коронавирусот сериозно.

– Светската здравствена организација тоа го нарекува алармантно ниво на неактивност. Ние во Сингапур уште од почетокот го сфативме Ковид-19 крајно сериозно – изјави премиерот.

Политичарите се откажаа од една плата

Како и сите министри и парламентарци, и шефот на државата се откажа од едномесечната плата во корист на хероите на фронтот: медицинските сестри и лекарите, чистачите, таксистите… Тоа не го убива вирусот, но создава солидарност. Вирусот тука се смета за закана за егзистенцијата – општеството и економијата.

Поради тоа, властите реагираа и одлучно воспоставија кризни штабови. Карантинот почнува со самоизолација дома – како превентивна мерка. Во болниците има повеќе од 400 кревети во изолираните оддели.

Кршењето на правилата за карантин строго се казнуваат: на пример, четири странци со работни дозволи беа избркани од земјата поради кршење на правилата. Веднаш беа депортирани.

Луѓето ѝ веруваат на владата

Се разбира, Сингапур не може да се спореди со другите земји: географската положба на островот овозможува контрола на сообраќајот и лесно затворање на границите во вонредни ситуации. Покрај тоа, градот-држава не е демократија во западна смисла. Медиумите ги контролира влада – за короната речиси сите идентично известуваат.

Покрај тоа, Сингапурците се неверојатно послушни. Се разбира, ова го олеснува управувањето со кризи: луѓето ѝ веруваат на својата влада, веруваат дека работи правилно и ги следат нејзините инструкции. Ова е уште една причина поради која паниката е непознат збор во Сингапур.

Извор: Deutsche Welle
Фото: Pixabay

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This