April 19, 2024, 12:43 pm

СИНЕ БАРАЈ ЦАРСТВО ГОЛЕМО КОЛКУ ТВОИТЕ АМБИЦИИ: На денешен ден yмpeл Александар III Македонски- најголемиот освојувач во историјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тринаесеттиот ден од јуни во 323 година пред нашата ера (некои извори укажуваат дека е на 10 или 11 јуни), ympeл Александар III Македонски, најголемиот освојувач во историјата на 33 годишна возраст.

“Барај синко, царство доволно големо за твоите амбиции. Македонија е премала за тебе”. Со овие зборови кралот Филип II му се обратил на неговиот син Александар кој имал само 17 години. Се до денот на неговата cmpт, Александар животот го поминал низ битки и освојувања.

Синот на Филип II Македонски и принцезата Олимпија, која била член на епирското кралско семејство, Александар Македонски е роден во август 356 година пред нашата ера. Избран бил од неговиот татко за наследник на кралството, а за неговото образование бил задолжен познатиот филозоф Аристотел. Филозофот кај Александар ја пробудил страста кон древните епови, особено кон хомеровата Илијада, која станала негова омилена книга.

За време од првите години на неговото владеење, Александар го зголемил притисокот кон грчките градови-држави, кои започнувале побуни, охрабрени по cmpтта на Филип. Koга воспоставил контрола ја продолжил политиката на ширење која ја започнал неговиот татко, па од 334 година п.н.е. тргнал да ја освојува моќната Персија со 40.000 луѓе. И покрај бројчаната супериорност на кралот Дариј III, Александар го победил во битките кај Граник и Иса (333г.п.н.е), Гавгамела (331 г.п.н.е.) и битката кај Перскиската порта (330 г.п.н.е.)

Александар се вратил во Вавилон пролетта 323 година, набрзо се разболел и ympeл. До ден денес не се познати причините за cmpтта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This