March 29, 2024, 11:18 am

СКАНДАЛ ВО ОПШТИНА КАРПОШ: Шефот на кабинетот на градоначалникот направил тешка сообраќајка со општински моторцикл!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на кабинет на Градоначалникот на Карпош, Душко Бужаровски, предизвикал сообраќајна несреќа во која се здобил со тешка телесна повреда во пределот на рамото, објави порталот Инфоњуз кој дознава од извори блиски до градоначалникот

Имено, според порталот, горе именуваниот шеф на кабинет неовластено и без патен налог зел моторцикл кој бил во сопственост на општината, а за кое биле задолжени комуналните редари, предизвикал сообраќајна несреќа.

Моторциклот го земал самоволно и без одобрение, потоа на семафорите кај мостот “Влајко” на булеварот Партизанска, предизвикал сообраќајна несреќа во која се здобил со тешки телесни повреди. Лицата што му укажувале прва помош на повредениот општинар, велат дека Бужаровски не носел заштина кацига и труел на “сок од грозје”, бил видно зашеметен, но не од сообраќајката – пишува во текстот на Инфоњуз.

Бужаровски-лево, го пречека Црвенковски-десно со виски

Оние што добро го познаваат Бужаровски, велат дека многу често се дружи со алкохолот и дека работното време повеќе го троши по кафеани со чашка, наместо во својата канцеларија, а и во канцеларијата бил добро опремен. – додаваат од порталот.

МВР, пред се Сообраќајната полиција, го евидентирала случајот и извршила увид на лице место, напревен е алко тест, а и утврдено е присуство, притоа не  и покрената е постапка пред надлежните институции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This