April 26, 2024, 10:47 pm

СКАНДАЛ, ПРЕСЕДАН И СРАМ ЗА ПРАВОСУДСТВОТО: СЈО поради коалициски договор на СДС ќе ги ослободува терористите од Сопот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалното јавно обвинителство се прогласи за надлежно за предметот „Сопот“. Откако минатата седмица го доби предметот од Обвинителството за организиран криминал и корупција, СЈО имаше рок од 8 дена да се произнесе.

 

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ уште во мај годинава предупредуваше дека главната задача на СЈО е да штанца нарачани обвиненија против политички неистомисленици од ВМРО-ДПМНЕ, за да му помогне на господинот Заев.

Тој тогаш по завршувањето на пресот на СЈО изјави дека се забележуваат две цели, првата за притисоци врз судството, а втората да се издејствуваат политички пресуди договорени во некој коалиционен или политички договор.

-Од пресот на СЈО се забележуваат две цели. Првата цел е најава за притисок врз судството, отворена политичка најава за силен притисок врз судството, кој што ќе следува во наредниот период. Втората цел, преку таквиот притисок кон судството да се издејствуваат судски пресуди, кои што се веќе дел од некој политички или коалиционен договор. Таквата најава денеска СЈО ја соопшти, преку споменувањето на случајот Сопот. Договорот е преку судски пресуди, издејствувани со политички притисок, да се ослободат обвинетите од случајот Сопот, за кој што веќе има пресуда, дека не извршиле некакво убиство или друго незаконско дејствие. Со самото тоа ќе се отвори врата за спроведување на другите договорени политички пресуди кои се однесуваат на случајот Монструм и убиените малолетници за време на велигденските празници и случајот Диво Насеље, поврзан со терористичката група која што дејствуваше во Куманово. Сите овие пресуди за жал се дел од политичкиот пазар, помеѓу господинот Зоран Заев и партнерите кои што дадоа поддршка за платформата од Тирана и најверојатно на крајот господинот Заев очекува, со ваквото дефокусирање на јавноста преку СЈО, да се стигне и до ослободителна пресуда за случајот Поткуп, каде што е лично инволвиран тој и целата македонска јавност имаше можност да види за каков случај се работи. По однос на самото дејствување на СЈО, поврзано со имотот и недвижностите на ВМРО-ДПМНЕ, кои што се преточени во нашите општински комитети, изјави Милошоски.

 

Инаку во случајот „Сопот“, единаесет жители од кумановско село Сопот, беа осудени за тероризам и добија вкупно 150 години затвор.

Тие се товареа дека во март 2003, подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот. При експлозијата загинаа двајца припадници на полскиот контингент на НАТО и еден македонски цивил.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This