СКАНДЛОЗНО: Македонски конзул во Хрватска згрозен од нашата амбасада во Загреб

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Горан Калоѓера, повеќегодишен почесен конзул на Република Македонија во Хрватска е згрозен од односот на персоналот на македонската амбасада во Загреб и од незаинтересираноста на државата Македонија кон неговата функција
На неговиот Фејсбук профил, конзулот Калоѓера бара од македонското МНР да му се објасни кој е „главен“ во амбасадата ан РМ во Загреб каде вршител на работите е Назиф Џафери и реагира на тотална негрижа, незаинтересираност и нефункционирање на амбасадата која не одговара на бројните барања на граѓаните кои се обраќаат со свои проблеми.

Калоѓера, кој го востанови Лекторатот за македонски јазик во Ријека и кој самостојно го финансирал функционирањето на Конзулатот во тој град понуди оставка – веќе утре – како што вели:
Го пренесуваме неговиот пост споделен на Фејсбук:
„Поставувам прашање до Министерството за надворешни работи на Република Македонија, кој е лицето задолжено за Амбасадата на Република Македонија во Република Хрватска, г. Џафари или г-ѓа Колоска (секретарка -.н.з.) Би сакал да ми се одговори на тоа прашање кое го поставувам како печесен конзул на Република Македонија во Република Хрватска
Кога ќе добијам одговор ова барање, ќе го објаснам овој пост, кој произлегува од моето целосно разочарување од работата на Амбасадата и од апсолутната негрижа на амбасадата за желбите и молбите на бројни граѓани на Република Македонија, што се упатени до мене; за вкупната индолентност и негрижа од претставниците на Амбасадата.
Ова го трпам веќе две години, и веќе нема.
Како почесен конзул, за жал, не можам, бидејќи јас немам моќ да им помогнам на граѓаните на Република Македонија, но ми се гади и го презирам игнорантскиот однос на службениците на амбасадата кон барањата за помош на граѓаните на Република Македонија во Република Хрватска.
Што се однесува до мене, доколку се смета дека јас сум виновен во оваа постапка, утре ќе поднесам оставка од функцијата почесен конзул , која во однос на актуелната влада на Република Македонија станува за исмејување.
Е, мене, како член на Македонската академија на науките и уметностите, како почесен доктор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, тоа не ми е потребно.
Затоа, господа во Министерството и во Амбасадата, работете си ја својата работа за доброто на своите граѓани, или отстранете ме од оваа (мометално) смешна функција на почесен конзул“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This