СКОПЈЕ ВО ОПАСНОСТ ДА ОСТАНЕ БЕЗ СТРУЈА: Поради пожарите постои опасност 200.000 скопјани да останат без струја, Владата не презема ништо!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неодговорната работа на новата Влада на Република Македонија може да ги остави граѓаните на Скопје во мрак. Силните пожари кои избија во атарот на селото Зелениково може да го остават третина од Скопје без струја, а тоа се 200.000 граѓани. Од Владата нема никаква рекација, обвини градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Покрај Скопје силни пожари има и во други региони од Република Македонија.

 

Во близина на пожарот има далековод кој снабдува голем од дел од општината Кисела Вода, кој иако се уште не е зафатен од пожарот, сепак постои опасност за истиот, а новата власт во овој момент не презема никакви посебни мерки за справување со оваа голема опасност.

-Тој дел е Кисела Вода, комплетно го снабдува Драчево, некаде околу 25-30 проценти од градот Скопје, 200.000 луѓе, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кажа дека ова е големо фијаско за новата Влада и дека во нормални услови за ова ќе мора да се сноси одговорност.

-Ова е големо фијаско 20 дена да имаш вакви пожари, да имаш жртви, изгорени куќи и да ти се загрозени далноводи за снабдување со енергетска енергија е тоа е тешко фијаско и во нормални услови одговорност мора да се сноси, потенцираше Груевски.

Градоначалникот на град Скопје, под чија контрола противпожарната бригада на главниот град, се пожали дека досега од Владата нема никаква реакција, која во вакви услови како што тој кажа би требало да формира кризен штаб и да заседава специјално за ова, бидејќи моментално се нанесуваат штети што никогаш нема да може да се вратат.

-Немаме никаква реакција од Владата, сметам дека треба да формираат кризен штаб, треба ЦУК да заседава. Не ми е јасно што чекаат 20 дена, толкава површина, неколку илјади хектари да изгорат од шума, се уште Владата да не направи кризен штаб, да заседава специјално за тоа, секој треба да заседаваат за оваа проблематика, затоа што гори нешто што е неповратно после 20-30 години. Тие шуми не може да се возобноват, од еколошки аспект да не зборувам, заради што било кој дел од Македонија да изгори, еве на пример Поречието влијае на еколошката клима и на градот Скопје и на цела држава, ние сме блиску едни до други, изјави Трајановски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This