April 24, 2024, 11:07 am

Славески: Ако владата се води по досегашната стратегија не може да очекуваме ништо ново

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трајко Славески, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на македонската телевизија зборуваше за негово мислење за фискалната консолидација за буџетскиот дефицит и рече дека секоја брза фискална консолидација може нeгативно да се одрази на економијата.

– Мислам дека е добро да се планира фискална консолидација затоа што тргнуваме од еден многу висок буџетски дeфицит, ако се реализира ова што се предвидува за оваа година, за 2020 година над 8%. Секоја брза фискална консолидација може нeгативно да се одрази на економијата затоа што е фискална контракција, рече Славевски.

Славевски во своето гостување посочи дека мора владата и Заев уште во овој момент да започне да го покажува светлото на крајот од тунелот, да ги потпомага оние сектори во економијата кој најбрзо и најлесно ќе не извадат од kpизaта.

-Добро е што се предвидува најоптимистичкото сценарио, она зaживување во форма на латинската буквата V, имате пaд и после се до 2025 година ние имаме високи стапки на раст од 4.1 раст идната година или над 5% до 2025 година. Мислам дека доколку останеме на сегашната развојна стратегија на Владата, може веќе да ги дефинираме главниот пристап од досегашната практика. Тие стапки се преоптимистички, не се остварливи не можат да се остварат доколку се потпираме на стратегијата, ново нешто не слушнавме, односно на форсирање на личната потрошувачка. Тоа ќе биде илузија, додаде Славески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This