СЛЕДНИ СЕ „ЕБР“ И „ТИГАР“: По pacформирањето на „Волците“ на ред дојдоа полициските специјалци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По расформирањето на специјалните сили на Армијата, изгледа на ред дојдоа и специјалните сили на Полицијата, пишува на својот Фејсбук профил универзитетскиот професор Александар Нацев.

Со секој изминат ден погласни се информациите кои велат дека Владата на Заев и на Спасовски планира да удри по Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и да се расформираат одредени компоненти на оваа Единица, а вишокот припадници да се дисперзираат по Секторите за внатрешни работи, Единиците за Јавен ред и мир и да се користат како обезбедување на банкови пратки, а оклопната чета да не постои поради наводна некомпатибилност на оклопните возила со некои замислени стандарди на Спасовски. Поучени од ваквата ситуација во ЕБР, и специјалците од Единицата за специјални задачи „Тигар“ чувствуваат дека тие се следни, па околу 30% од припадниците на оваа единица се со барање за префрлување во друга единица, боледување, но и огромен број барања за неплатен одмор, кои не се одобруваат од командантите и воопшто не се проследуваат до повисоките старешини. Дали после „Лавовите“ и „Волците“, на ред сега дојдоа и „Тигрите“?, пишува во својот статуус професорот Нацев.

По расформирањето на специјалните сили на Армијата, изгледа на ред дојдоа и специјалните сили на Полицијата!!! Со секој…

Posted by Александар Нацев on Wednesday, October 9, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This