Словачка пpoтера тројца руски дипломати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Братислава протера тројца вработени во руската амбасада, објави премиерот на Словачка, Едуард Хегер.

„Словачка протера тројца руски дипломати. Во согласност со моменталната геополитичка состојба, како и ситуацијата во Чешка, тројца вработени во руската амбасада во Братислава мора да ја напуштат територијата на Словачка во рок од седум дена“, прецизира премиерот, пренесува телевизијата ТА3.
Хегер не сакаше да одговори на дополнителни прашања од новинари.

Претходно, министерот за надворешни работи на Словачка, Иван Корчок изјави дека Словачка ќе преземе остри чекори за поддршка на Чешка.

Минатата недела Чешка ја обвини Русија дека е вмешана во експлозија во складиште за муниција во селото Врбјетице во 2014 година. Меѓу осомничените се Александар Петров и Руслан Боширов, за кои Лондон издаде налог во случај на труење на поранешниот офицер на ГРУ, Сергеј Скрипаj.

Кремlin ги нарече обвинувањата нечуени и неосновани, а портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова ја опиша ситуацијата како „парада на лудилото“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This