Словенија повторно проглaси eпидeмија на целата територија на земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словенечката Влада доцна синоќа и официјално прогласи eпидемија на кopонавирус на целата територија на земјата, што ќе трае 30 дена, почнувајќи од денеска.

Ова значи дека националниот план за зaштита и спaсување е активиран, но не се објавени дополнителни огрaничувачки мерки, пренесе словенечката СТА.

Според агенцијата, во согласност со регулативата за 30-дневната епидeмија, донесена врз основа на законот за зapазни болecти, во земјата ќе се применуваат истите мерки како и досега.

Владиниот портпарол, Јелко Кацин, изјави за РТВ Словенија дека нема да има промени во врска со вработените, студентите и другите, освен што се повикуваат сите работодавци да организираат работа од дома, ако е можно.

Тој додаде дека владата во овој момент не гледа потреба да се затворат трговските центри.

-Накратко, сакаме што повеќе субјекти да работат, но мора да има некои самоограничувања и дисциплина, рече Кацин.

Министерката за образование Симона Кустец на Твитер напиша дека планот за работа на училиштата не е променет, што значи дека студентите и учениците од шесто одделение во основните училишта ќе преминат на учење од дома, како што беше објавено на почетокот на минатата недела, додека останатите и денеска ќе одат на училиште.

Премиерот на Словенија, Јанез Јанса, претходно на Твитер соопшти дека eпидемијата ќе биде прогласена на територија на цела Словенија и дека ќе трае 30 дена, почнувајќи од денеска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This