Случаи на KoBид-19 во четири детски летни kamпови низ Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во четири детски летни кампови на Халкидики, на Крит, во Коринт и во близина на Атика, поширокиот регион на Атина, потврдени се над 35 случаи на Ковид-19, но според државната телевизија ЕРТ ситуацијата е под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

Сепак, весникот „Катимерини“ коментира дека „десетиците случаи во камповите предизвикуваат загриженост“.

Во детскиот камп на Халкидики, во кој според медиумите, сместени се 2.000 деца на возраст од 13 до 17 години се потврдени 20 позитивни случаи, а во градот Ханија на Крит, вкупно девет и кампот ќе биде затворен до 15 јули.

Во близина на Атика, поширокиот регион на Атина, биле потврдени три позитивни случаи, додека, пак, утрово, медиумите во Грција објавија дека Ковид-19 бил откриен во уште еден детски камп кај Коринт.

Според државната телевизија ЕРТ, од 1.600 деца на возраст од шест до 15 години во кампот кај Коринт, биле регистрирани шест заразени случаи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This