СЛУЧАЈОТ PEKET HAMEPНО СЕ ДЕЛИ: За Заев и неговите соработници да не одговараат и за злостopничко здружување?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со отворање на нова истрага за аферата Рекет се фрла сомнеж дека власта сака нешто да сокрие. Имено Русковска поднесе обвинение за Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, а во исто време отвори нова истрага за истиот случај за Фросина Ременски, висок функционер на власта и потпретседател на Собранието, Јасна Мандиќ, заменик на Боки 13, таткото на Боки 13 и уште едно лице, иако се работи за ист случај и исто кривично дело, кое без учество на сите засегнати не би суштествувало како такво.

Отворени сомнежи дека власта нема да сака реална разрешница на случајот е и изјавата на премиерот Заев, кој во изјава за медиуми во август оваа година крајно нервозно изјави:

https://www.facebook.com/mache099/videos/2818474168182197/

– Нема да дозволам „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја срушат Владата, рече Заев.

Зоран Заев уште од самиот старт на аферата тврдеше дека Катица Јанева не е инволвирана во случајот, а Јовевски дека во истиот нема вмешано политичари.

Заев дури и додека беше Јанева во притвор ја бранеше, па во едно свое интервју за неделникот Фокус тој кажа:

– Таму немаше докази, од тоа што го слушнав, дека Катица Јанева зела пари и дека е инволвирана во случајот. Јас и кон моите политички противници, секогаш сум ја почитувал пресумпцијата на невиност. Затоа што можете човек да го изнаказите буквално со зборови, посебно ако тоа го вели премиер. Јас морам да бидам внимателен. Пресумпцијата на невиност е многу важна. Јас сум еден од тие што почнуваше протести пред Специјалното јавно обвинителство. И верувам во целиот тој систем.

Како Заев така и Јовевски беше „убеден“ или сакаше да ја убеди јавноста во нешто друго, па според него немало вмешани политичари во случајот Рекет.

Но иако премиерот и главниот обвинител зборуваа едно, на крај испадна сосема друго. Под огромниот притисок на јавноста, пишувањата на медиумите и големиот број на докази кои излегоа на виделина првин беше притворена Катица Јанева.

Имено во јавноста излегоа снимки, кои ги објави италијанскиот весник „Ла верита“ од кој се слуша како Катица Јанева е лицето кое му ветува на Орце Камчев спас од притвор и затвор во присуство на Боки 13, кој пак е човекот кој директно рекетирал. Сега неколку месец дена по апсењето на Јанева се испостави она што јавноста и медиумите го тврдеа, во обвинението кое е поднесено јасно стои дека Јанева се стекнала со имотна корист од 50.000 евра во кеш, како и мебел за 5.000 евра.

Уште од самиот старт на аферата, медиумите пишуваа за високи структури на власта кои се вмешани во аферата.

Според обвинението Боки 13 се товари за кривично дело „перење на пари и други приноси од казниво дело“ од чл.273 од КЗ, казниво најмалку со 5 години затвор.

Јанева како второ обвинета е обвинета за „злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 од КЗ, со што му се заканува затвор од најмалку 3 години, како и за „примање награда и противзаконито влијание“ од чл.359 од КЗ, со што пропишаната казна затвор е помеѓу 1 – 5 години.

Додека за Зоран Милески – Кичеец во обвинението се терети за „примање награда и противзаконито влијание“ од чл.359 од КЗ со казна затвор од 1 – 5 години.

Против Ременски моментално е поведена истрага, како заменик на Боки 13 во Сојузот, преку кој биле перени парите и се очекува на обвинителство кои дела ќе и ги стави на товар.

Целата шема јасно индицира на вмешаност и на злосторничко здружување со цел остварување имотна корист. Јасна е поврзаноста на лицата, но нејасно е раздвојувањето на постапките кое оди само во прилог на бегство од правдата.

Имено доколку се стават во една постапка, тие во обвинението ќе треба да се теретат и за злосторничко здружување, кривично дело пропишано согласно чл.394 од КЗ, за кое е предвидена казна затвор од 1 – 5 години.

Дека очигледно се работи за злосторничко здружување, на својот фејсбук профил пишува и новинарот Бранко Героски, кој впрочем и почна со откривање на оваа афера преку серија на текстови под псевдоними.

Случајот со Меѓународен сојуз е злосторничко здружување. Ако има правда, од тој факт не може да се избега. А ако нема правда…

Posted by Branko Geroski on Friday, October 11, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This