СНЕГОТ СЕ ОЧЕКУВА УШТЕ ВЕЧЕРВА: Од вечерва се очекуваат врнежи на дожд кои ќе се интензивираат од утре!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето утре во Македонија ќе биде облачно, a врнежите од снег се очекуваат да започнат уште вечерва. Врнежите најпрво ќе започнат во северните и западните делови од земјава, а потоа ќе се прошират и во останатите делови. На југ врнежите најпрво ќе бидат од дожд, а попладне ќе преминат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и во ноќните часови. До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри.

sneg_ulica

Утринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од еден до осум степени.

Во Скопје, времето ќе биде облачно со врнежи од снег кои ќе почнат уште претпладне, но ќе се интензивираат во попладневните часови. Во Скопско попладне ќе дува засилен северозападен ветер. Во Скопската котлина можно е снежната покривка да биде од 10 до 15 сантиметри. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до еден степен.sneg-vo-skopje-1-500

Потоа, врнежи од снег ќе има и во петок, особено претпладне, но тие ќе бидат со намален интензитет.

За време на викендот облачноста делумно ќе се намали и ќе биде многу студено. Преку денот најстудено се очекува да биде во сабота со температури од минус 12 до минус шест, а во недела утринските температури ќе се движат од минус 22 до минус 10 степени. Потоа, во наредните денови температурите ќе бидат во благ пораст.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This